Приведен сопственикот на бензиската “Макоил”

Пишува: Точка

Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава од страна на полицијата поради тоа што се спротивставил на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче.

Покрај Јовановски е приведена и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.



Полицијата асистираше на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската. Јовановски претходно изјави дека веќе подготвил терен за дислокација на рекламата, но од градот инсистираа тоа да биде направено денеска.

No comments

Powered by Blogger.