Жената која била со напаѓачот ги напуштила САД

Пишува: Точка

Американските власти соопштиле денес дека жената која била заедно со напаѓачот, кој во Вегас убил 58 лица и ранил повеќе од 500, ги напуштила Соединетите Американски држави, а дека станува збор за лице од интерес за истрагата.

Шерифот Џо Ломбардо не изнел повеќе детали за таа жена, но рекол дека органите за власт ќе се обидат да разговараат со неа кога ќе се врати во САД.



Мотивот за пукањето не е познат, рекле властите, но навеле дека напаѓачот Стивен Педок делувал сам, пренесува AP.



Напаѓачот, за кој се верува дека се самоубил, пукал во посетителите на фестивалот за кантри музика "Route 91 Harvest".

No comments

Powered by Blogger.