Крвникот од Менхетн изнел шокантно барање до американските власти: Трамп бара смртна казна!

Пишува: Точка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес повикал обвинетиот за нападот со "пик-апот" на Менхетн во Њујорк, во кој загинале осум лица, да биде осуден на смртна казна.

"Терористот од Њујорк бил среќен кога барал да стави знаме на Исламската држава во својата соба во болницата. Тој уби осум лица, тешко повреди 12. Треба да добие смртна казна", навел Трамп на својот профил на Твитер.

Белата куќа претходно соопштила дека го смета Сафуло Саипов, кој убил осум луѓе во Њујорк, за "непријателски борец", а дека Трамп ја разгледува можноста да го прати во американскиот затвор во заливот Гвантанамо на Куба.

Терминот "непријателски борец" е воведен по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001-та година, и употребен за затворање на стотина затвореници во Гвантанамо, но и на други локации каде САД имаат притворни центри.

Осум луѓе загинале во нападот на Менхетн во вторникот, кога бел "пик-ап" влетал на велосипедска патека и "косел" велосипедисти, во близина на некогашната локација на Светскиот трговски центар, а потоа се забил во училишен автобус.

Возачот на "пик-апот", Саипов, тогаш излегол од возилото и мавтал со нешто што се воспоставило дека е имитација на пиштол, и притоа бил ранет.



Саипов и официјално обвинет за тероризам

Американските обвинители денес и официјално ги објавиле федералните обвиненија за тероризам против 29-годишниот имигрант од Узбекистан, Сафуло Саипов, кој во вторникот усмртил осум луѓе на Менхетн.

Обвинителите објавиле официјален документ во кој се наведува дека Саипов е обвинет за пружање на материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација и за насилство и уништување на моторно возило, пренесува AFP.



Во документот се наведува дека Узбекистанецот "се чувствува добро" во врска со тоа што го направил и дека нападот почнал да го планира пред една година.

Обвинителите навеле дека Саипов се одрекол од своите права и отворено признал дека го извел нападот додека го сослушувале во болница, откако полицијата го ранила и уапсила.

Тој, како што се наведува во документот од 10 страни, рекол дека на акцијата го инспирирале пропагандните видео-материјали на ИСИС.

Десетина такви клипови се најдени во неговиот мобилен телефон, наведува AFP.

Пред околу 2 месеци, Саипов одлучил да користи големо возило за нападот, за да "нанесе максимална штета на цивилите", стои во документот.

No comments

Powered by Blogger.