Погледнете го бизарното збогување на Памела Андерсон од Хју Хефнер

Пишува: Точка

Факт кој на многумина им е јасен како "бел ден", е дека планетарната популарност на една од најпознатите русокоси во светот на шоу бизнисот, е 90 проценти заслуга на Хју Хефнер. Нејзиното збогување од најголемиот светски плејбој било очекувано.

Памела прв пат во "Playboy" се појавила во 1989.г одина, а била прогласена за зајачица на годината во 1990. година. Токму благодарение на шансата која и ја дал Хју Хефнер, подоцна се пробила во Холивуд.



По вестите за смртта на сопственикот на "Playboy", Памела на Инстаграм поставила видео во кое лежи на кревет во долна облека, и плаче со уништена шминка. Покрај видеото е поставена и проштална порака:



"Господине Хефнер, имам толку мисли, но моментално немам мозок кој би ги обработил. Постојам поради тебе, ме научи се што е важно за слободата и почитувањето. Покрај моето семејство, ти си најважната личност во мојот живот. Ми даде живот...Луѓето секогаш ми зборуваа дека ти бев омилена. Премногу сум шокирана. Беше стар, грбот те болеше. Последен пат кога те видов, користеше штаки и не сакаше да го видам тоа. Не слушна. Имаше парче хартија во џебот кое ми го покажа, на него беше моето име Памела и околу него срце. Сега се распаѓам. Ова чувство е целосно лудило. Во Париз мометално врне. Покрај прозор сум. Се што луѓето сакаат кај мене е бидејќи ти ме разбираше. Ме прифати, ме охрабри да бидам тоа што сум. Сакај како што не сакал никој. Живеј со полни дробови, без кочница. Кажа дека твоето списание е за девојчиња како што сум јас, дека сум олицетворение на духот за кој си мечтаел. Јас бев таа, така рече. Можам да те слушнам како велиш - биди храбра, нема правила. Живеј го својот живот, горд сум на тебе. Нема грешка. А за мажите...уживај. Го имаш светот под нозе, ти си добра девојка, и толку си сакана - не си луда. Дива си и слободна, остани силна, остани ранлива...Време е за филмови...Ги сакаше моите деца, секогаш, секогаш беше тука за нас. Со својата љубов, со твојата луда мудрост. Се ќе ми недостасува. Ти благодарам што го направи светот подобро место. Послободно и посексапилно место. Беше џентлмен, шармантен, елегантен, галантен и толку забавен. Довидување Хеф...твојата Памела", пишува во објавата.

No comments

Powered by Blogger.