Зошто Кралицата Елизабета носи пари со себе само еден ден во неделата?

Не е тајна дека најпознатата кралица во светот, Кралицата Елизабета, има многу пари.

Пишува: Црнобело

Таа е една од најбогатите членови на кралските семејства во светски рамки. Но, таа никогаш не носи пари со себе. Не е дека оди на ручек со пријателите или на шопинг, како „обичните“ луѓе, па може да ѝ притребаат во одреден момент.

Сепак, Кралицата Елизабета носи пари со себе само во неделите. Зошто?

Секоја недела, таа оди во посета на црква и остава донација во форма на банкнота од 5 фунти, уредно превиткана во форма на квадрат и ја поставува во садот за донации во црквата.

Понекогаш, донира и 10 фунти.

Освен пари, Кралицата Елизабета во својата чанта носи и ментол бонбончиња, очила за читање и пенкало.

No comments

Powered by Blogger.