Ќе ви ја плеснат вистината во лице: Зошто е добро да имате злобни пријатели?

Најпрво, дозволете ни да ви објасниме што навистина се крие зад придавката „злобнички“. Тоа се пријателите што секој од нас ги има во својот живот.

Пишува: Точка

Тоа се пријателите што ќе ве туркаат напред, дури и тогаш кога нема да сакате било кој да ви го прави тоа.

Тоа се пријателите што искрено ќе ви кажат кога не сте во право.

Тоа се пријателите што ќе ве предупредат дека дечкото или девојката не е за вас, колку и да сте заљубени.



Тоа се пријателите што без никаква задршка ќе ви плеснат во лице дека е време да се приберете.

А, судејќи според науката, тоа се најдобрите пријатели што може да ги имате во животот.

Резултатите од истражувањето на оваа тема се објавени во списанието „Psychological Science“, со кратко и јасно објаснување зошто тоа е така.



„Таквите луѓе се сурови за да постигнат нешто добро. Иако знаат дека вистината ќе ве повреди, тие свесно ќе се одлучат да ви ја кажат, затоа што знаат и дека вам ќе ви биде од корист. А, ќе го направат тоа, дури и ако тие самите немаат никаква корист.“, откриваат истражувачите.

Со други зборови, тоа се личностите кои ризикуваат да испаднат „злобни“, „лоши“ или „бесчувствителни“ во туѓите очи, доколку сметаат дека на пријателот ќе му бидат од полза нивните зборови и дела.

Сепак, тие не само што не се лоши, туку и далеку подобри пријатели од оние кои само кимаат со глава и ве тапкаат по рамениците, додека ве гледаат како правите грешка.



Впрочем, на повеќето луѓе, понекогаш им е потребен токму таков повик за будење.

Во тој случај – целта ги оправдува средствата, дури и ако суровата искреност може да биде непријатна за ушите на пријателот кој премногу ни значи.

Секако, од особена важност е да гo разликувате вистинскиот и искрен пријател, кој навистина сака да ви помогне, наспроти „пријателот“ кој не е суров за да ви помогне, туку бидејќи тоа е во неговата вистинска природа.



Колку злобнички пријател(к)и имате околу себе?

No comments

Powered by Blogger.