Џоли сака да доминира, Лонгорија е потчинета во кревет: Каков секс им годи на славните жени?

Повеќе познати дами, меѓу кои се и Анџелина Џоли, Ева Лонгорија и Џесика Бил, споделија пикантни детали за својот интимен живот,

Пишува: Црнобело

Ева Мендез откри дека водела љубов во сите американски држави, Џоли откри дека сака да доминира, додека на Лонгорија повеќе ѝ се допаѓа да биде потчинета во кревет.

Во продолжение, дознајте какви се ставовите, искуствата или желбите на славните жени во постелата:

Ева Лонгорија

„Не ми е одбивна идејата да бидам врзана со свилени марами.“, вели секси „домаќинката“. „Сакам мажот да преземе водство и контрола. Чувството на потчинетост ме возбудува!“



Ким Катрал

За мноштво жени, заморот е алиби да немаат интимни односи. Опуштената Саманта, пак, тврди дека сексот е најдобар лек во такви ситуации. „Останете будни колку можете и забавувајте колку ви годи – ако знаете на што мислам – па потоа одете на спиење.“


Анџелина Џоли

„Сакам да ја контролирам ситуацијата и да доминирам.“, изјави во една прилика Анџелина. „Тоа ми дава чувство на сигурност.“


Џејда Пинкет Смит

Холивудската ѕвезда неодамна ја откри својата тајна. „Размислете за места надвор од домот, кадешто ќе ви биде пријатно да водите љубов. Има ли тој можеби своја канцеларија? Реализирајте ги своите фантазии – бидете негова секретарка. Или, пак, застанете со автомобилот покрај патот!“


Ева Мендез

Таа несомнено знае како да ја одржи возбудата во своите врски. Пред неколку години, на новинар му рече дека водела љубов во сите педесет американски држави. „Можеби беше до чистиот воздух, поради тишината, или, пак, небесното синило. Што и да беше причината, навистина беше добро.“


Камерон Диаз

Кому може да се заблагодари Камерон за својата витка линија? „Верувам дека во прашање се физичката активност, здравата исхрана, многу вода, многу смеа и многу секс. Сексот му е потребен на секого од нас. Тоа е природно, здраво и нешто кое сите го прават!“


Џесика Бил

Актерката без колебање зборува за нештата кои ја возбудуваат во сексот, особено за покажувањето емоции на јавни места. „Кога ќе видам пар што се бакнува и разменува нежности во јавност, веднаш ми проаѓа мислата – и јас би го правела истото.“, вели Џесика. A, ни Џастин Тимберлејк нема ништо против.


Мараја Кери

„Помислив дека би било навистина посебно кога би причекале прво да се венчаме.“, ја прокоментира Мараја својата одлука да апстинира од секс пред бракот со Ник Канон. „Се покажа дека бевме во право.“.

No comments

Powered by Blogger.