Овие руски војници е невозможно да бидат убиени: Погледнете ја опремата на војникот на иднината, "помоќен од Робокап"

Пишува: Точка

Ако Американците развиле свој современ војник и го споредиле со "Robocop", Русите го имаат "Војник 3", односно војникот на 21. век.

Го претставиле овие денови во Москва, и ги покажале сите иновации кои се вградени во новото војничко одело, шлем и чизми.

Командантот на руската копнена војска, генерал-полковник Олег Саљуков, објаснил дека се довршуваат научните истражувања на креирање на нов руски војник кој со новата опрема ќе биде двојно поподвижен, поиздржлив и поспособен да ги врши задачите.
Високото технолошко одело е засилено со надворешен метален костур кој е осмислен да ја подобри издржливоста и да ја зголеми силата.

Исто така, прекриено е со оклопни плочки кои штитат голема површина од телото од ранување, имаат дури и часовник кој може да преживее нуклеарен удар.


Овој комплет содржи пет интегрирани компјутерски системи кои вклучуваат животна поддршка, команди и комуникации, потсистеми за ангажирање на војници, и систем за заштита и заштеда на енергија.

Оделото е прилагодено на сите временски услови.

"Војникот" е опремен со вкупно 59 предмети, вклучувајќи и заштитен шлем, борбено едноделно одело, слушалки со активна заштита, заштитни очила, фрлач на гранати, пушка со два различни калибри, снајперска пушка, муниција, борбен нож...

No comments

Powered by Blogger.