Вооружен напад во Шведска: Маж отворил оган кон цивилите, има многу ранети

Пишува: Точка

Најмалку седум лица се повредени во вооружениот напад кој што се случи вечерва во 22:30 часот по локално време во Трелеборг, град на југот на Шведска.

Најмалку седум лица се повредени во вооружениот напад кој што се случи вечерва во 22:30 часот по локално време во Трелеборг, град на југот на Шведска.

Околностите засега не се целосно јасни, а локалните медиуми пренесуваат дека е започната голема полициска потера со оглед на тоа што засега непознатиот напаѓач е во бегство.

Според последните информации, вооружениот напад бил изведен во близина на трговски центар каде што вообичаено имало многу луѓе во текот на денот.

„Добивме повеќе дојави за пукотници во Треленборг. Веднаш отидовме на лице место и откривме, на релативно мало подрачје, повеќе луѓе кои што беа повредени како последица на вооружен напад. Ги блокиравме одредени делови од градот и истражуваме што се случило“, изјави портпаролот на тамошната полиција.

Шведските медиуми ја пренесуваат изјавата на еден од жителите на Треленборг кој што живеел во близина на местото на нападот: „Слушнавме пукотници и видовме како надвор луѓето бегаат насекаде“.

Покрај тоа, се појавија информации дека имало пукотници на повеќе места во градот, но тоа од локалната полиција засега го немаат потврдено.

No comments

Powered by Blogger.