Видео: Прекинато снимањето на популарна ТВ серија поради убиство каде три лица настрадале

Пишува: Точка

Американската полиција доцна синоќа уапсила 37 годишен маж откако два пати пукал во сојузната држава Мериленд каде настрадале три лица и две се потешко повредени.

"Осомничениот е во притвор", наведува полицијата во Вилмингтон, државата Делевар и додава дека осомничениот бил наоружан и опасен и бил идентификуван како Рејди Лејбиб Принс.


Тој бил уапсен во Делевар бидејќи после второто пукање избегал со автомобилот во соседната држава во која сè уште не се знае дали има жртви.

Првото пукање се случило во просториите на една компанија во местото Иджвуд, Мериленд.

За сега сè уште не е познат мотивот за пукањето, навела локалната полиција и додала дека осомничениот кој бил вработен во истата компанија, и претходно им бил познат на полицијата. Тој употребил само пиштол.
За време на пукањето, во близина се снимала и познатата серија "Куќа од карти" ("House of Cards"). На филмската екипа ѝ било наложено да го прекине снимањето додека не се расчисти местото на настанот и додека не се разјаснат причините за нападот.


No comments

Powered by Blogger.