Не е само убава, туку и паметна: Запознајте ја уметницата којашто е двојничка на Меган Фокс

Пишува: Точка

Преубавата Бетани Анја од Минесота успеа да го освои вниманието на јавноста ширум светот благодарение на својата убавина, но многумина уште веднаш воочија дека таа изгледа речиси идентично како и американската актерка Меган Фокс.

26-годишната Бетани е лабораториски техничар и уметница, а својата работа често ја промовира и на интернет мрежата.

Сепак, помеѓу многубројните уметнички фотографии, тешко е а да не се забележи нејзината убавина, како и сличноста со славната актерка Меган Фокс.

Токму поради тоа таа стекнала вистинска слава на интернет мрежата, при што само на друштвената мрежа Instagram ја следат повеќе од 16.000 лица.

Коментарите на нејзините фотографии се главно позитивни, при што нејзините следбеници постојано потенцираат дека таа и амерканската актерка имаат речиси идентични црти на лицето, како и сличен начин на шминкање.
Сепак, Бетани потенцира дека помеѓу нив две постојат и одредени разлики.

- Добивав коментари дека сум и двојничка на Меган Фокс, но јас сум сепак многу повисока и поседувам поголем број на тетоважи.

Младата уметница исто така напоменала и дека интернет славата за неа не претставува приоритет, туку дека ги користи друштвените мрежи единствено само за промоција на својата работа.
- Сакам да го искористам Instagram за својата уметничка работа, но нажалост во денешно време да се има убаво лице е многу позабележително отколку вашите таленти. Би сакала тоа да можам да го променам, заклучува таа.

No comments

Powered by Blogger.