Наредил петарди како бомбаш-самоубиец – детали од инцидентот пред судот за време на процесот за Диво Насеље

Пишува: Точка

Денеска околу 13:30 часот беше уапсено лице кое се нафрли врз полицајците од обезбедувањето, а подоцна било забележано дека тој носел нешто што наликувало на појас со експлозив.

Станува збор за 57-годишен жител на Арачиново. Полицајците бргу го совладаа со што утврдиле дека појасот кој го носел бил направен како експлозивен, но во него немало прачки експлозив туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата.

57-годишниот маж најпрвин се шетал околу Врховниот суд, дофрлајќи им на снимателите од новинарските екипи да си заминат. Тој цело време ја држел десната рака во џеб и така се втурнал кон полицајците. Еден од полицајците успеал да му ја извади раката од џеб и да забележи дека тој држи мобилен телефон, по што веднаш му го одзел и го фрлил во најблиската жардињера. Лицето било успешно совладано и однесено во полициско комбе.

По инцидентот е утврден идентитетот на лажниот бомбаш. На лице место присуствувале и високи полициски функционери.

No comments

Powered by Blogger.