Изјавата на американската амбасадорка ја шокираше светската јавност: Северна Кореја ќе биде уништена!

Пишува: Точка

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, Ники Хејли практично најави воен напад на САД на Северна Кореја и уништување на оваа држава.

Амбасадорката Ники Хејли изјави дека Советот за безбедност при Обединетите нации веќе ги има искористено сите можни опции за сопирање на севернокорејската нуклеарна програма, што значи дека Соединетите Американски Држави ќе мора овој „случај“ да му го препуштат на Пентагон.

„Ги искористивме речиси сите можности кои што можевме да ги искористиме во Советот за безбедност при Обединетите нации“, изјави Ники Хејли за американската телевизија „СиЕнЕн“ и додаде дека таа би била среќна доколку овој случај биде предаден во рацете на министерот за одбрана Џим Матис.



„Се обидовме да ја искористиме секоја можност која што ја имаме, но на маса постои цела низа на воени опции. Северна Кореја ќе биде уништена доколку дојде до ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров“, изјави Хејли.

„Ако Северна Кореја продолжи со вакво невнимателно однесување и доколку Соединетите Американски Држави ќе мора да се бранат или да ги бранат своите сојузници, Северна Кореја ќе биде уништена“, изјави амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли за „СиЕнЕн“.

No comments

Powered by Blogger.