Страшни снимки од надзорните камери од карамболот во Белград: Погледнете како келнерката избегнала смрт во секунда


Пишува: Точка

21-годишната девојка која утрово околу 7 часот била удрена од возач на автомобил "Ford" додека возел на Кнез Михајлова, била пренесена во Ургентниот центар со скршена нога и повреден врат, а утрово дошла на работа без да замисли што би можело да и се случи.

Сопственикот на кафулето во кое девојката работела, вели дека таа дошла на работа околу 6 и 30 часот, а нешто пред 7 излегла да го исчисти дворот, а потоа да ги послужи првите клиенти. Меѓутоа, работите се одиграле малку поразлично.


Според првите и неофицијални информации, возачот на автомобилот бил уапсен.
"Пред неколку минути дојде во кафулето да даде изјава за полицијата и ми раскажа што се случило. Многу е потресена поради се, но за среќа трагедијата била избегната. Според нејзината приказна, додека го чистела локалот, слушнала дека нешто се случува, а десетина луѓе трчале кон неа бегајќи од бесниот возач. Не ни сфатила што се случува, а автомобилот веќе бил пред неа и силно ја удрил во ногата. Вели дека веднаш ја соборил на земја", ги пренесува сопственикот зборовите на келнерката.
Иако за момент била на земја, девојката сфатила дека мора да побегне во случај возачот да не се врати назад.
"Вели дека адреналинот и помогнал да стане и да продолжи, а на помош и притрчало едно момче кое се нашло во нејзина близина и ја одвлекло подалеку. При падот го повредила вратот, а ја скршила и ногата. Минувачите се јавиле во Итна помош, која ја одвела до Ургентниот центар. Подоцна се врати во кафулето да даде изјава за полицијата", истакнал сопственикот, пишува Kurir.rs.



Татко ѝ и брат ѝ биле покрај неа целото време, а таа ќе одмара некој период па ќе се врати на работа.

No comments

Powered by Blogger.