Страшна сообраќајка во Скопје: Соборен билборд, еден автомобил за малку ќе влетал во НЛБ Банка

Пишува: Точка

Вечерва на скопскиот булевар „Партизански одреди“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која што за среќа, после судирот на две возила, нема загинати.

Автомобилите наводно возеле со голема брзина и се судриле на булеварот спроти пекарата „Силбо“, при што е причинета голема материјална штета. Едно од возилата удрило во билборд кој што е срушен и за малку ќе влетало во експозитурата на НЛБ Банка. Екипите на итна помош реагирале веднаш, а полицијата изврши увид на местото на сообраќајната несреќа.


Како што пренесува 24vesti.com.mk, едно лице кое што управувало со еден од автомобилите било повредено и префрлено во болница, а за среќа нема жртви.
Видео: Телевизија24

No comments

Powered by Blogger.