Убавите жени коишто се во придружба на помалку убави мажи докажано се посреќни

Пишува: Точка

Ако целиот свој живот бевте во исчекување на принцот на белиот коњ, можеби е сега вистинско време и да ја промените вашата бајка...

Последното истражување спроведено на Универзитетот во Флорида покажало дека во реалниот живот најдобро функционираат оние врски од типот на “убавицата и ѕверот”.

Во ова истражување учествувале 113 хетеросексуални брачни парови коишто се во брак помалку од четири месеци, а притоа одговарале на прашања за теми како што се физичките активности, прехрамбените навики како и многу други фактори коишто влијаат на изгледот.

Научниците и ги фотографирале сите парови па според нивните физички карактеристики ги рангирале на скала од 1 до 10.

Резултатите од истражувањето покажале дека мажите коишто се нашле на дното од листата повеќе се трудат да и' удоволат на својата поубава половина, така што и' помагаат околу домашните обврски, почесто купуваат подароци, повеќе внимаваат на својот физички изглед и она што го облекуваат и повеќе се трудат во спалната соба.

Од друга страна пак, се покажало дека мажите коишто се поатрактивни од своите сопруги вложуваат многу помалку труд во бракот и дека во таквите врски жените се оние коишто многу повеќе внимаваат на исхраната, облеката и изгледот, како би биле колку што е можно попривлечни.

No comments

Powered by Blogger.