Турција ќе ги укинува "ол инклузив" сместувањата за туристите? Сметаат дека на тој начин ќе ја подобрат економијата

Пишува: Точка

Претседателот на Конфедерацијата за трговци и занаетчии на Турција (ТЕСК), Бендеви Паландокен предложил одморалишта и хотелските резорти да ги укинат "ол инклузив" сместувањата.

Според неговите зборови, со овој потег ќе им се овозможи на туристите подобро да се запознаат со земјата, а исто така ќе оживее и турската економија.



"Доколку го укинеме овој систем на "ол инклузив", туристите ќе изглегуваат од хотелите и почесто ќе шетаат низ градовите и ќе посетуваат знаменитости и продавници. Со тоа ќе оживее занаетчискиот сектор и ќе допринесе за глобалните национални цели", вели Паландокен.

No comments

Powered by Blogger.