На првиот геј пар во Германија конечно му било одобрено да го посвојат нивното дете

Пишува: Точка
Асоцијацијата за хомосексуалци "Berlin-Brandenburg" денес изјави дека властите конечно го известиле првиот геј пар во Германија дека посвојувањето за нивното дете е одобрено

Парот Михаел и Кај Корок биле меѓу првите истополови парови во Германија кои се венчале откако законот за геј брак стапил на сила. Нивното дете живеело со нив, но досега не било официјално посвоено бидејќи не постоела таква опција, па овој пар веќе неколку години му пружал вистинска нега и грижа на нивното дете и планирале, доколку не се променел законот, да се спротивстават на правните препреки кои не му дозволувале на истополовите бракови да посвојуваат деца.

Законот кој овозможува "брак за сите" стапил на сила на 1 октомври. Овој закон бил усвоен во Бундестагот на 30 јуни, со што Германија станала 23 држава која ги легализирала геј браковите.

Хомосексуалните парови во Германија уште од 2001 година можеле да склучат таканаречено "регистрирано партнерство", но по таа основа имале помалку права за разлика од хетеросексуалните бракови. Новиот закон им ги дава сите брачни права вклучувајќи го и посвојувањето.


No comments

Powered by Blogger.