КОД: Терористите од Отља во Диво Насеље се префрлиле со државно возило! Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Чавков и Грујевски ја следеле акцијата од МВР

Пишува: Точка

Во вчерашното издание на емисијата "Код" со Снежана Лупевска, биле откриени голем број на детали, меѓу кои и тој дека терористите го префрлиле оружјето од Отља во Диво Насеље без никој да ги забележи, со возило на Брза помош.

Според податоците изнесени во емисијата "Код", терористичката група добила дојава дека македонските специјалци, добро подготвени, ќе ги нападнат во Отља, со позиции на ридовите над селото. Добиле инструкции веднаш да ја променат локацијата, па со државно возило, односно со возило на кумановската итна помош, се префрлиле во градот, во населбата Диво Насеље. Не е познато кој им ја пренел таа информација на терористите, а не е позната ни вистинската бројка на групата.

Пред "Диво Насеље", лидерите на групата, Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, биле во Швајцарија и во Чешка. Ндрецај патувал со македонски пасош, но со лажен идентитет, односно со името Беким Реџипи. На пасошот стоела негова фотографија. Ндрецај и Ризај во 2009-тата година биле во Македонија, односно во Струга, каде во тој момент се одржувале локални избори. Еден од кандидатите за градоначалник на Струга, Фијат Цановски, се жалел дека добивал константни закани, а изворите на Кодвелат дека овие двајца пред изборите престојувале во стан кај Рамстор во Скопје.

По изборите, на 10-ти април, Ндрецај и Ризај заминале и повеќе никој не ги видел.
 

Во јавноста се појавила и информација дека оваа зделка е договорена токму во Чешка и Швајцарија. Ндрецај и Ризај оствариле средба со албански бизнисмен во Чешка, пријател на политичари од нашата држава.

Код пренесува дека акцијата на македонските специјалци била подготвена набрзина, и војниците немале никакви податоци за групата. На 12 припадници на "Тигрите" им било кажано дека одат да уапсат двајца нарко дилери, а всушност тие биле пречекани во заседа, и тројца загинале веднаш кога пристигнале. Во нападот при предавањето на дел од терористите загинале уште 4 специјалци, а уште еден бил убиен од бомба. На снимките од дрон подоцна било утврдено дека всушност станувало збор за 43 терористи. Експертите кои гостуваат во Код се согласуваат дека вакви грешки не смеат да се повторуваат, бидејќи во иднина би можело да дојде и до поголеми последици.

Потсетуваме, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, во интервју за Фокус изјави дека одговорноста на УБК е во лошата проценка. Ако УБК имала информации за терористичката група и за тоа дека планирала да го направи тоа што го направила, УБК не смеела да дозволи тие да дојдат до градска средина. Тој додал и дека не бега од сопствената одговорност.

Код додава дека штабот кој раководел со полициската операција во Диво Насеље се состоел од Груевски, Мијалков, Чавков, Јанкуловска, Грујевски. Телефонот на премиерот Никола Груевски цело време ѕвонел, го барале амбасадори и државници, но на повиците одговарал шефот на кабинетот, Мартин Протоѓер. Мијалков неколку пати се повлекол од просторијата и насамо разговарал на телефон.

По истрагата, меѓу оружјето кое го користеле терористите, била пронајдена и пушка наречена "швајцарски Калашников". Оваа пушка според швајцарските закони не смее да се продава во некои земји на Балканот, меѓу кои Македонија и Косово. Редакцијата на Код ја прашала компанијата која ги произведува овие пушки кој и на кого ги продал овие парчиња оружје, но не добила одговор.

No comments

Powered by Blogger.