Кралот на Инстаграм бегал од куршумите во Лас Вегас: Ужас, девојка е погодена во глава!

Пишува: Точка

Некогашниот професионален играч на покер, попознат и како Кралот на Инстаграм, Дан Билзериан, се нашол на сред пукањето во Лас Вегас, кое избило во текот на фестивалот за кантри музика.

Се се случило кај познатиот хотел и казино Манделеј беј, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас, а според информациите кои ги пренесуваат локалните медиуми, најмалку 20 лица загинале, а повеќе од 100 биле повредени.

Билзериан на Снепчет споделил драматично видео во кое рекол дека почнал да бега кога го слушнал пукањето.
 

Додека се провлекувал низ хаосот за да најде безбедно место, рекол: "О, Боже, оваа девојка е тукушто погодена во глава".

Инаку, Билзериан е шампион во покер, тежок околу 100 милиони долари, кој води многу развратнички живот.

Поседува имот во Лас Вегас, Сан Диего и Лос Анџелес. Станал ѕвезда на социјалните мрежи бидејќи секојдневно објавува фотографии со голи жени, оружје и своите миленичиња.

No comments

Powered by Blogger.