Германскиот министер предвидува: Подгответе се, пристигнува нова голема економска криза

Пишува: Точка

Лошите кредити, како и растечкиот глобален долг би можеле да го втурнат светот во нова финансиска криза, предвидува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

„Економистите ширум светот се загрижени поради зголемените ризици кои што настануваат поради акумулацијата на се повеќе и повеќе ликвидност, како и растот на јавниот и приватниот долг. И самиот сум загрижен поради тоа“, изјави германскиот министер за "Financial Times".

Постои ризик од појава на нова голема криза, со оглед на тоа што централните банки во целиот свет „вбризгуваат“ трилиони долари во пазарот, смета искусниот Волфганг Шојбле кој што после министерската должност во владата на Ангела Меркел, ќе стане портпарол на новата германска влада во Бундестагот.



Угледниот економист нагласи дека најмногу е загрижен од потенцијалната закана кон стабилноста на еврозоната, посебно поради обидите на давателите на заем да се борат со наследените лоши кредити.

Шојбле беше германски министер за финансии од 2009-та година и се смета дека е еден од најголемите заговорници за про-европската политика во владата на канцеларката Ангела Меркел.



Тој строго заговараше финансиска исправност која што има клучно влијание на политичкиот одговор на Европа на кризата во еврозоната. Шојбле претходно жестоко ја критикуваше Грција поради строгите мерки за штедење.

No comments

Powered by Blogger.