Русите објавија видео снимка: Вака Американците им помагаат на џихадистите

Пишува: Точка

За време на завршувањето на операцијата за ослободување на Рака, Американците ветија дека коалицијата која што има нивна поддршка, нема да им дозволи на припадниците на Исламската држава да го напуштат градот.

Сепак, како што тврдат Русите, во пракса е поинаку, барем ако може да се верува на Руското министерство за одбрана. Од таму објавија дека, благодарение на Соединетите Американски Држави, илјадници припадници на Исламската држава, заедно со оружјето, безбедно го напуштиле сирискиот град.

На објавеното видео Русите тврдат дека се гледа како конвој на камиони и автобуси со џихадисти, го напушта сирискиот град Рака кој што неодамна беше ослободен од Сириските демократски сили поддржани од САД.

Руското министерство додава дека на снимките се гледа како терористите со себе носат оружје и тоа без страв дека некој може да ги нападне. Наводно припадниците на Исламската држава заминале во правец на сирискиот град Деир Ез Зор.

No comments

Powered by Blogger.