(ВИДЕО) Андов: За Град Скопје не знам, но во Карпош се' ќе се заврши уште во првиот круг

Пишува: Точка

Првиот претседател на Собранието по осамостојувањето на Република Македонија, Стојан Андов, денеска излезе да го даде својот глас за еден од кандидатите за градоначалник на Град Скопје и општината Карпош каде и живее.

Андов рече дека после овие локални избори очекува работите да тргнат на подобро како и дека општина Карпош уште вечерва ќе добие нов градоначалник, односно дека нема да има втор круг во оваа општина.

- Очекувам промени на подобро, и мислам дека ќе се постигнат. За драстични промени ќе треба повеќе време, но во секој случај со овие избори треба да тргнеме напред. За Град Скопје не знам, но за општина Карпош мислам дека се ќе се заврши уште во првиот круг, да не одиме уште еднаш доволно е, вели Андов.

No comments

Powered by Blogger.