Скандал го потресува светот: Австрија проследила севернокорејски пасоши до нивните најголеми непријатели

Пишува: Точка

Австриските власти се осомничени дека учествувале во шпионска акција против Северна Кореја, откако до јужнокорејската разузнавачка агенција биле проследени повеќе пасоши кои една австриска печатница ги изработила за Северна Кореја, тврди виенскиот дневник "Standard".

Јужнокорејската служба пратила молба до австриските колеги да им пратат најмалку три севернокорејски бланко пасоши, што очигледно било направено, покажува истражувањето на австриските медиуми.

Проследувањето на бланко пасошите било остварено преку Министерството за внатрешни работи, кое има одлични врски со печатницата "Staatsdruckerei", која ја добила работата за изработка на нови биометриски пасоши за Северна Кореја.



Северна Кореја порачала вкупно 200.000 пасоши, кои ги добила од виенската печатница, која некогаш била во државна сопственост, но од 2000-тата година е приватно претпријатие. Печатницата не сакала да се изјасни за овие обвиненија.

Министерството за внатрешни работи потврдило дека само го анализирало деловниот налог на Северна Кореја со австриската печатница, и дека не била установена никаква безбедносна пречка.



Министерството за економија претходно дало дозвола за извоз, бидејќи испораката на пасошите, како што е востановено, не е во судир со одредбите на меѓународното ембарго против Северна Кореја.

Само Министерството за надворешни работи навело дека е воздржано, односно изнело загриженост поради оваа работа.



Откритието дека австриската печатница ги предала севернокорејските пасоши на јужнокорејската служба би можело да предизвика драстични последици.

Според анонимното писмо кое го добиле редакциите на "Profil" и "Standard" од Министерството за внатрешни работи, јужнокорејската разузнавачка служба замолила да добие бланко пасоши од својата соседна земја.



Министерството за внатрешни работи тврди дека нема никакви информации во врска со тоа.

Истовремено се потврдува дека во Јужна Кореја биле испорачани неколку пасоши, но дека станува збор за мостри, кои се користат за учење.



Тие примероци треба да им помогнат на јужнокорејските власти да ги разликуваат фалсификатите од оригиналите.

Инаку, Северна Кореја има посебен однос кон Австрија. Последната севернокорејска банка во Европа, "Golden Star Bank", се наоѓала во Виена до 2004-тата година.

Банката, по обвиненијата за шпионажа, перење на пари и трговија со нуклеарни материјали, била затворена.

No comments

Powered by Blogger.