Лудакот Ким Јонг Ун ќе биде тестиран како никогаш досега: Трамп пратил нејсериозна закана до лидерот на Северна Кореја

Пишува: Точка

Продолжуваат меѓусебните закани меѓу лидерите на САД и на Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно на Твитер го нападнал лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
"Ким Јонг Ун, кој очигледно е лудак на кого не му пречи да го изгладнува својот народ, ќе биде тестиран како никогаш до сега", напишал Трамп на својот профил на оваа социјална мрежа.


Потсетуваме, на Генералното собрание на ОН, додека Трамп држел говор, ветил дека ќе ја уништи Северна Кореја, додека после тоа севернокорејскиот лидер рекол дека "Трамп е ментално пореметен".



Ким Јонг Ун, реагирајќи на најновата закана на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека "целосно ќе ја уништи" Северна Кореја, рекол дека таа земја ќе разгледа "највисоко ниво на контрамерки во историјата против САД".

No comments

Powered by Blogger.