Цела Србија се шегува на сметка на дипломскиот труд на оваа студентка

Пишува: Точка

Маја Ивановиќ, студентката на еден приватен факултет во Белград, завршила во тамошните медиуми поради темата на својот дипломски труд, кој го положила со десетка.

Маја се пофалила со фотографија од одбраната на дипломската на Инстаграм, а кога фотографиите дошле до медиумите, цела Србија почнала да се шегува на сметка на нејзиниот дипломски труд.

Темата, имено, е "Лојалноста на потрошувачите на брендот "Guess"", а на корицата од дипломската девојката го врежала и логото од омилениот бренд.
Иако дел од јавноста во темата не гледа ништо спорно, огорчениот дел од Србија смета дека приватните факултети го нарушуваат составот на образование и дека е неверојатно тоа што некој се занимавал со чевли и ташни во дипломската работа.
Маја се пофалила дека го завршила факултетот со просек 9,2. Таа е една од полојалните потрошувачи на брендот "Guess", бидејќи нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии од чевли и облека од споменатата марка.
Маја е многу популарна на Инстаграм, каде ја следат 60.000 луѓе.

No comments

Powered by Blogger.