ВМРО-ДПМНЕ не освои ниту една скопска општина во вториот круг од локалните избори

Пишува: Точка

Според првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија според обработени 86,22 отсто од гласовите ВМРО-ДПМНЕ не освои нуту една скопска општина во вториот круг од изборите.

Во Кисела Вода кандидатот на СДСМ Филип Темелковски освои 54,85 отсто, а Јохан Тарчуловски 41,62 отсто од гласовите.

Во Бутел Велимир Смилевски од СДСМ освои 54,63 отсто, а Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ 42,54 отсто од гласовите.

Во Гази Баба Борис Георгиевски од СДСМ освои 52,99 отсто, а Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ 43,64 отсто од гласовите.

No comments

Powered by Blogger.