Џеки Чен: Поради сцена од филм која ја снимав во Југославија имам дупка на главата

Пишува: Точка

Популарниот актер Џеки Чен, гостувајќи во емисијата на Конан O’Брајан изјавил дека има дупка на главата како последица од снимањето на филмот “Armour of God”.

Ова се случило во Југославија, кога пукнала гранка од дрво. Тој пробувал да се фати за друга гранка, но и таа пукнала, како и секоја наредна.

“Југословенскиот камерман ја држеше камерата и гледаше. Да ја спуштете камерата и да ме поттурнеше, ќе бев сигурен, но кога виде дека паѓам, тој ја зема камерата и побегна. Среќа што научив како да паѓам”, вели Чен, покажувајќи му на водителот како правилно се паѓа.

Тој бил ставен во лежечка положба и не смеел да станува. Тогаш почувствувал пулсирање во увото, а потоа и крв од дупката на главата. Џеки му дозволил на водителот да ја почувствува лузната, што ја насмеало публиката.

“Ми ставија пластика и со тоа го решија проблемот. Сега сум добро. Кога слушам високи тонови, ме боли увото”, вели Џеки.

Станува збор за филм кој е снимен во 1986 година. Помеѓу бројните локации биле и Загреб во Хрватска и Постојна во Словенија.

No comments

Powered by Blogger.