Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу се уште едни жртви на сексуалното насилство на Харви Вајнштајн

Пишува: Точка

Откако холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн добил отказ во сопствената фирма поради неколку тужби за сескуално вознемирување, покрај многубројните глумици и негови вработени, Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу признале дека и тие биле жртви на неговото насилство.

Тие две кажуваат дека ваквиот инцидент со продуцентот се случил на почетокот на нивната кариера. Покрај Џоли и Палтроу, листата на жртви е долга како и тужбите упатени кон Харви.



"Имав навистина лошо искуство со Харви. Како резултат на тоа одлучив дека не сакам повеќе никогаш да работам со него и да ги предупредам сите кои би работеле во иднина со него", вели Џоли за New York Times.

Палтроу додала дека однесувањето на Вајнштајн кон жените е неприфатливо.

"Кога ја добив главната улога во филмот "Emma", Вајнштајн ме повика во неговиот хотелски апартман, ги стави рацете на мене и предложи да ме измасира. Бев преплашено дете. Оваа случка веднаш му ја раскажав на моето момче (Бред Пит) и тој се соочи со него. Мислев дека тоа ќе биде крај на мојата кариера", вели Палтроу.



Сопругата на Харви, дизајнерката Џорџина Чепмен, изјави дека таа ќе го напушти својот сопруг. Таа со него беше во брак 10 години и имаат две деца.

"Моето срце е скршено поради овие инциденти и многу ми е жал за се што доживеале жените од мојот сопруг", вели Чепмен за People.



Барак Обама и Мишел Обама исто така се згрозени од делата на славниот продуцент. Повеќе од 16 вработени во фирмата на Вајнштајн изјавиле дека биле жртви на неговите сексуални напади.

Покрај Џоли и Палтроу, кон продуцентот кој Мерил Стрип го нарекувала "Бог", упатени се тужби за силување на Роуз Мекгован, Ешли Џад, Амбра Батилан, Лорен Сиван, Лиз Кемпбел и многу други.

После овите тужби, Харви ги признал своите дела, но рекол дека во 60 - те и 70 - те тоа било нормално, а сега знае дека тоа е погрешно.

No comments

Powered by Blogger.