Директорот поставил камери во училиште: Не ни сонувал дека ќе сними нешто навистина необјасниво

Пишува: Точка

На интернет често се појавуваат снимки кои се обидуваат да докажат дека меѓу нас има духови. Директорот на една гимназија во Ирска сакал да докаже слична работа.

"Добивме жалби за бука во училиштето во текот на ноќта, а кога ги пуштивме камерите видовме нешто што не можеме ни да го објасниме", рекол Кевин Бари, директор на гимназијата Дирпарк во Корк, Ирска.

Камерите покажуваат дека ормарите се поместуваат и се отвораат сами од себе, книгите паѓаат од нив, вратите се отвораат и затвораат, а во ходниците нема баш никој.
Директорот дури и објаснил дека неколку дена пред инцидентот еден ученик донел куче во училиштето, кое се исплашило да пројде низ овој ходник и побегнало.

Инаку, за ова средно училиште се зборува дека е проколнато уште од 1828. година, па не е можно директорот да придонесе со ваквиот вид на маркетинг.

No comments

Powered by Blogger.