Не само што е најубавата жена на светот туку и го остави генијалниот милијардер кој јавно плаче по неа

Пишува: Точка

Тој е еден од најинтелигентните и најбогатите луѓе на светот, но и тој е само маж кој пати по жената на својот живот.

Илон Маск ја отворил својата душа во интервју за списанието “Rolling Stone” и проговорил за раскинувањето со Амбер Херд, најубавата жена на светот која била фатална не само за него, туку и за најголемиот заводник во Холивуд – Џони Деп.

Колку му недостасува Амбер докажува и изјавата на Маск од 2010 година дека “попрво би си ја одгризал раката отколку некогаш да пишува за приватниот живот”. Сега директорот на “Tesla” и “SpaceX” сепак признал дека му е тешко да запознава нови луѓе, а посебно му е тешко да најде некој со кој ќе биде во долга врска и кого ќе го смета за своја сродна душа.

“Доколку не сум заљубен, доколку не сум во долга врска, јас не сум среќен. Нема никогаш да бидам среќен без некого. Легнувањето во празен кревет ме убива. Не дека не знам како е тоа, сам сум во таа празна куќа додека моите чекори одекнуваат низ ходникот, никој не е со мене, никој не е на перницата покрај мене. Како е*ено да бидам среќен во таква ситуација?”, изјавил Маск.

Тој не се срамел да признае дека раскинувањето било тешко. Тие прекинале поради своите презафатени распореди.

“Таа прекина повеќе со мене, отколку јас со неа, мислам. Бев навистина заљубен, навистина болеше тоа”, рекол тој додавајќи дека со недели по раскинувањето бил очаен.

Се чини дека Амбер го прочитала тоа интервју, бидејќи утредента тие биле фотографирани како појадуваат заедно во Шерман Оакс.

За жал, Маск го следи осаменоста целиот негов живот.

“Кога бев дете, реков дека никогаш не сакам да бидам сам”, признал тој.

Својата прва жена, Џастин Вилсон, Илон ја запознал на универзитетот во Онтарио, каде ја поканил на сладолед. Таа го одбила бидејќи морала да учи, но тој се појавил на нејзината врата со два полурастопени сладоледи. Иако Маск се префрлил на друг универзитет, тој продолжил да ѝ испраќа ружи. Тие повторно се споиле кога тој започнал да работи на својот бизнис, а таа на својот прв роман. Парот се венчал во 2000 година, а заедно имаат пет сина – близнаци и тројка.

Џастин и Илон се развеле во 2008 година, а потоа тој започнал да се гледа со актерката Талула Рајли. По двегодишната врска, тие се венчале, но две години подоцна се развеле.


“Тоа беа четири прекрасни години. Ќе те сакам засекогаш. Еден ден ќе усреќиш некого”, напишал Маск на Твитер.

Откако одлучиле дека не можат еден без друг, парот повторно се венчал една година подоцна, но по краток период, Илон и Џастин повторно се развеле.

“И понатаму се гледаме и се грижиме еден за друг”, изјавила Рајли во истото интервју за “Rolling Stone”.

Минатата година Маск ја запознал Амбер, а јасно е како најсексапилната жена на светот го освоила срцето на ексцентричниот богаташ.

No comments

Powered by Blogger.