Одговорот ви зависи од карактерот: Кој човек е најбогат?

Пишува: Црнобело

Сите го проценуваме човекот на база на физичкиот изглед, сакале ние да признаеме или не. Па, сега имате шанса да процените кој е најбогат?

Мажот со сопругата и детенцето, мажот со кучето или жената во црвен фустан?

Внимателно разгледајте ги сите опции. Потоа одберете само еден маж или жена кој/а ви делува најбогато според она што имате прилика да го видите.

За кој се одлучивте?

Ако го oдбравте семејството

За вас богатството има нематеријално значење. Знаете дека парите ви се неопходни за преживување и ги цените материјалните добра, но повеќе сакате кога сте духовно исполнети. Парите ги трошите на задоволства кои ви причинуваат среќа вам и на вашите блиски.

Ако го одбравте човекот со куче

За вас парите се синоним за моќ. Сакате да бидете лидер и да ги инспирирате другите. Тешко прифаќате кога другите не го делат истото мислење со вас. За среќа, кога и да имате шанса, знаете да помогнете финансиски или барем со искрен совет.


Ако ја одбравте жената во црвен фустан

За вас е најважно што мислат другите. Сакате да ви се воодушевуваат, а понекогаш дури и сакате да создавате завист во туѓите очи со она што го имате или правите. Сепак, сакате и да градите длабоки врски. Оптимисти сте, секогаш насмеани и ведри.

odgovorot-vi-zavisi-od-karakterot-koj-covek-e-najbogat-04.jpg

No comments

Powered by Blogger.