Нејмар ја искористи паузата од тренинг за да се запознае со мало девојче кое боледува од многу ретка болест

Пишува: Точка

Најскапиот фудбалер на светот докажа дека има "златно" срце откако изненадно посети негов млад фан. Златното момче се запозна со 8 годишната Ана Клара, која боледува од синдромот Хатчинсон - Гилфорд од која боледуваат само 200 деца на светот.

Ѕвездата на Парис Сен Жермен одлучи да ја изненади малата Ана Клара и да ја посети во болницата каде престојува. Интернационалецот на Бразил објави фотографија од него и Ана Клара каде му подарува маица на која пишуваше: "Сонувај колку што можеш повеќе, секогаш сонувај. Немој никогаш да се откажеш".
Карактеристиките на оваа болест се стареење, губење на косата, се појаува во рана возраст и оние кои што страдаат од оваа болест живеат до средината на тинејџерските години или раните 20 години.

No comments

Powered by Blogger.