Џулијана Маргилес: "Влегов во собата, а тој ми понуди масажа", глумицата јавно го обвини Стивен Сигал за сексуално насилство

Пишува: Точка

Џулијана Маргилес, ѕвездата од ТВ серијата "Добрата сопруга", изјавила дека Стивен Сигал непријатно ја изненадил кога за прв пат се запознале.

"Имав 23 години, тоа беше во осумдесетите. Мојата агентка ми се јави доцна навечер и ми рече дека Сигал сака да одам кај него во хотелот и да ги вежбаме сцените. Ѝ одговорив дека немам пари за такси, а ми беше страв за да се возам со метро, но таа ми рече дека Стивен ќе ми врати пари. Кога стигнав, тој се осигура да погледнам дека има пиштол, а потоа ми кажа дека тој знае да лекува и дека сака да ме измасира. Почнав да врескам и едвај се извлеков од таа ситуација", вели глумицата.



Џулијен Маргилес слично искуство имала и со Вајнштајн, кој стотици жени го обвинуват за сексуално насилство. Глумицата тврди дека во 1994 година, Харви ја пречекал во хотелска соба со запалени свеќи.

No comments

Powered by Blogger.