Не смеат да отвораат прозорци: Правила кои важат за семејството во Белата куќа

Животот на семејството на претседателите на САД најдобро го опишува поранешната прва дама, Мишел Обама.

Пишува: Црнобело

Таа за Белата куќа вели: „Човек навистина не знае што сѐ всушност не знае, сѐ додека не дојде овде“.

Кога станува збор за влијателните семејства во светот, претходно сме зборувале за правилата кои кралското семејство на Англија мора да ги почитува.

Но, дали знаете какви сѐ правила постојат во семејството на претседателите на САД?

Во продолжение, дознајте дел од нив:

Првата дама мора да избере дизајнер за ентериер со кој ќе работи

Семејството Обама го избраа Michael S. Smith, а Трамп, ја избраа Tham Kannalikham.
Другите членови од семејството не треба да имаат формална улога во администрација

Иако, претседателот Доналд Трамп го прекрши ова правило со тоа што на неговата ќерка, Иванка Трамп, ѝ додели улога како асистент на претседателот, а на нејзиниот сопруг, улога за советник на претседателот.


Семејството може да ги декорира собите во Белата куќа по сопствен стил

Освен „собата Линколн“ и „Жолтата соба“, кои мора да останат какви што се. Повеќето промени се случуваат на вториот и третиот спрат за да се зачува историјата.


Првата дама и децата живеат во Белата куќа со претседателот

Но, Меланија го прекрши ова правило бидејќи таа и нејзиниот син Барон живееа во пентхаусот во Њујорк додека тој не заврши училиште.


Не им е дозволено да трошат пари на екстравагантни реновирања

Парите кои Конгресот ги одобрува за трошење на декорации варира од година во година, а претседателот Трамп досега има потрошено околу 2 милиони долари на реновирање.
Мора да ги зачуваат колекциите во домот

Како на пример пијаното и значајните уметнички дела. Во Белата куќа има куратор кој е одговорен да надгледува дали секое семејство ќе се грижи за нив.


Секогаш постои тема за официјалната новогодишна елка во Белата куќа

Темата ја бира семејството, а оваа традиција ја започнала Џеки Кенеди во 1961-ва година.


Ниту претседателот ниту неговиот заменик не смеат да ја одбијат заштитата од тајната служба

Но, нивните сопружници и деца можат да ја одбијат.
Тие не смеат да отвораат прозорци

Ниту во Белата куќа ниту кога се возат во автомобил, иако тоа беше голема желба на Мишел Обама.


Семејството не смее да се пресели ни минута порано од 20-ти јануари

A, процесот на селење треба да се одвива во период од 12 часа.
Тие сами си ги носат нивните работи до Белата куќа

А, исто така и сами ги поднесуваат трошоците за транспорт.
Семејството треба да организира ручек со кој ќе го одбележи крајот на Рамадан

Трамп ја прекрши оваа традиција годинава.


Белата куќа го слави мексиканскиот празник 5-ти мај

Уште една традиција која трае 16 години, а Трамп ја прекрши.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-11.jpg
Првите дами секогаш се сретнуваат по избирањето

„Научи ме на сѐ што знаеш“ – мала шега.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-12.jpg
Не треба да се копираат говори

Иако, тоа се случи, како што сите знаат.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-13.jpg
Претседателот треба да си го испланира погребот во првата недела од претседателството

Морбидно правило.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-14.jpg
Децата одат во приватно училиште

Само еден претседател досега го пратил детето во државно училиште, а тоа е претседателот Џими Картер.

Децата секогаш се придружувани од тајната служба

Секаде и секогаш, освен ако немаат 16 години и одлучат дека не сакаат да бидат чувани од нив.
Претседателот треба да користи безбедна линија кога има телефонски разговор

Два различни телефони, од кој едниот е безбеден и таен.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-17.jpg
Децата немаат профили на социјалните мрежи

Децата на Обама немале профили на социјалните мрежи додека живееле во Белата куќа, но ова правило веројатно не важи за Трамп.
Тие што имаат Twitter профил, по завршувањето на функцијата се откажуваат од него

... и го предаваат на следниот кој ќе дојде на нивно место, бидејќи тоа е официјален профил.
Секогаш имаат средба со кралицата и кралското семејство

Кралицата досега се има сретнато со сите претседатели откако е на тронот, а се очекува средбата со Трамп. Што се однесува до остатокот од семејството, досега се имаат сретнато само Меланија и принцот Хари.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-18.jpg
Цело семејство присуствува на инаугурацијата

Без исклучоци, Барон!

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-19.jpg
Откако ќе ја напуштат Белата куќа, можат да прават што сакаат

Сѐ што претходно не им било дозволено и да уживаат во одморот.

strogi-pravila-koi-semejstvoto-vo-belata-kukja-mora-da-gi-pochituva-20.jpg

No comments

Powered by Blogger.