Мрачната тајна на принцот Чарлс: Ова е можеби и вистинската причина поради која тој никогаш нема да го наследи тронот...

Пишува: Точка

Неверојатен скандал тукушто ја “раздрма” Бакингемската палата, а кралицата велат дека е вон себе поради лутина... Но колку е сето ова вистинито?

Неодамна во медиумите се појави веста дека токму на принцот Чарлс долгоочекуваниот престол сепак ќе му избега од рацете. Елизабета, според медиумите, заклучила дека Вилијам и Кејт на најдобар начин ќе го освежат имиџот на кралското семејство и ќе го приближат до помладите луѓе.



Сепак, по се' изгледа дека вистинската причина за тоа дека Чарлс најверојатно ќе остане без оваа титула е поради тоа дека, тој најверојатно има дете коешто досега било вешто сокривано од јавноста, а за коешто сега пак на големо се зборува.

Според британските медиуми се работи за Џејсон Џенкинс (64), чијашто мајка Џенет била дел од канадската морнарица, а којашто пак забременила со Чарлс во времето на неговиот брак со Дајана.



Медиумите наведуваат дека Џејсон е висок, со темна коса, и дека споделува неверојатна сличност со принцот Вилијам.

Мајката на Џејсон за магазинот “The Globe” и открила дека му била љубовница на принцот Чарлс пред полни 16 години, но и дека нивниот однос се сведувал само на секс.

- Кога ќе се видевме, облеката практично самата “паѓаше” и воопшто не размислувавме за заштита, објаснила Џенет.

А дали и колку е оваа приказна вистинита, единствено само времето ќе може да ни покаже и докаже...

No comments

Powered by Blogger.