"Еве ти ја твојата Шарена револуција": Палевски истури боја врз главата на Героски

Пишува: Точка

Главниот уредник и новинар на "Слободен печат", Бранко Героски, отишол на "двобојот" со Љупчо Палевски, при што Палевски му истурил боја на глава.

Героски дошол со документи во рацете, и истите почнал да му ги покажува на Палевски, при што вториот му истурил боја врз главата.
"Наместо да се тепам, еве ти ја твојата шарена револуција", му рекол Палевски на уредникот на „Слободен печат“ и си заминал од местото.
"Простете што ви се обраќам заеднички, но читам дека и едните и другите интензивно ја коментирате мојата одлука утре во 12 часот да се појавам пред „Манда“, каде што лицето Љупчо Палевски ме повика на физичка пресметка. Тоа што тој тоа го нарекува „провокација“ од моја страна и слично, тоа може на други прикаски да раскажува, евентуално утре на суд, ако работата дојде до таму – еве, на фотографијата што ја постирам, можете и самите да видите дека станува збор за класична закана од негова страна. Го ценам тоа што повеќето од вас ме одвраќаат од мојата намера да се појавам на закажаниот „дуел“ (како и да го замислил Палевски), но јас нема да ја сменам својата одлука и сакам пријателски и човечки да ви објаснам зошто", напишал вчера Героски на Фејсбук.

No comments

Powered by Blogger.