Каролина Гочева со спектакуларна изведба на „Со маки сум се родилa“ на концертот на Раде Шербеџија (видео)

Каролина Гочева донесе дел од својата магија на сцената на концертите на легендарниот Раде Шербеџија во МОБ.

Пишува: Точка

Легендарниот Раде Шербеџија викендов одржа два концерти во Македонската опера и балет. Помеѓу специјалните гости се најде и Каролина Гочева.


Облечена во кусо црно фустанче таа зрачеше со префинетост и елеганција, а со својот моќен вокал одлично ги зачини концертите на познатиот пејач и актер со холивудска слава.

Фото: Стефан Рајхл

На крајот од концертот во неделата, заедно со Шербеџија на сцената, Каролина ја отпеа „Со маки сум се родилa“ и предизвика лавина од реакции од публиката. Дел од магичната атмосфера можете да почувствувате преку видеото што нашата дива го објави на социјалните мрежи.

Фото: Стефан Рајхл

„Посебно задоволство ми е што викендов бев гостинка на концертите на Раде Шербеџија во МОБ! А ова беше еден посебен, спонтан момент на самиот крај на концертот во неделата“.... се огласи таа.


На концертите Шербеџија го промовираше материјалот од својот нов албум, кој ќе излезе во средината на октомври, но на репертоарот се најдоа и класиците како што се: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и други.

Помеѓу специјалните гости на концертот беа и браќата Тавитијан и актерката Јана Стојановска.


karolina-gocheva-so-spektakularna-izvedba-na-so-maki-sum-se-rodila-jas-na-koncertot-na-rade-sherbedzija-04.jpg

No comments

Powered by Blogger.