Тест од едно прашање: На која девојка ѝ припаѓа куферот?

Интуицијата никогаш не може да ве прелаже, па дури и во најтешките ситуации и одлуки.



Овојпат повторно потпрете се на неа кога ќе го одговарате прашањето:

На која девојка ѝ припаѓа куферот?

Замислете си ја следнава ситуација: Две девојки на аеродром се расправаат околу куфер кој нема означено име на него. И двете тврдат дека куферот е нивен.

На која ќе ѝ верувате?


Неколку детали кои ќе ви помогнат при одлуката:

Бојата на куферот е во иста боја со блузата на русокосата девојка.
На врвот на куферот има четка за коса, а русокосата девојка има подолга коса.
Русокосата девојка има попријатен став кој како да тврди дека со сигурност куферот е нејзин.
Но, мобилниот телефон во куферот по некоја логика би ѝ го доделиле на бринетата, бидејќи русокосата веќе има мобилен во рака.
Куферот се заклучува, а бринетата во рака држи ливче со комбинација од бројки кои можеби се кодот.
Куферот има едно скршено тркалце, па би требало да се носи преку рамо. А, ако се носи преку рамо, не би било логично сопственичката да облече блуза со голи раменици.

Сега, кој е вашиот конечен одговор?

.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.

Ако ја одбравте девојката со руса коса

Импулсивна личност сте, која секогаш се бори помеѓу емоциите и логичните мисли. Тешко ви е да пресметате нешто однапред и да направите долгорочни планови.

Но, исто така сте и одлични пријатели, подготвени да помогнете во секој момент и да понудите помош.

Дополнително, имате одлично развиена фантазија, па секој ден ви е исполнет со свежи идеи.
Ако ја одбравте девојката со кафеава коса

Сериозна личност сте на која сите, секогаш може да се потпрат. Никогаш не избрзувате со одлуките и не прогледувате низ прсти. Листите, плановите и табелите се вашиот рецепт за успех.

Константно сакате да развивате нови способности и вештини. Благодарение на ова, имате широк круг на луѓе, смирени сте и делувате интересно.

No comments

Powered by Blogger.