Која врата ќе ве одведе до среќата?

Замислете си ситуација во која пред вас имате 4 врати, една до друга.

Пишува: Црнобело

Една од нив го крие влезот кон апсолутната среќа и задоволство во животот. Ваше е да откриете која.

Низ која врата ќе поминете, мислејќи дека таа е вистинската?

Ако ја одбравте сината врата

Овој избор открива дека секогаш сакате имате улога на спасител. Успехот го дефинирате според длабочината на врските кои ги имате во животот. Сакате да имате неколку важни лица, а не многу познаници.

Знаете како да изградите врска на база на доверба, но за жал лесно ве повредува кога ќе ви ја изневерат довербата.

Сината врата симболизира дека сте искрени и лојални. Мразите да се соочувате со проблемите, па попрво би се согласиле на било каков компромис.

Се криете зад лажна силна слика која ја создавате за вас, а всушност сте екстремно меки однатре.

Ако ја одбравте виолетовата врата

Изборот открива дека моќта и успесите ви се најважни. Сакате да имате контрола над работите. Ништо не „филувате“ кога го кажувате мислењето, директни сте до болни граници.

Силни сте, мистериозни и мате привлечна моќ. Во животот самодовербата ви помага многу. Сакате да играте по правила, а не нечесно.

Кога работите ќе тргнат наопаку, не можете а да не се насмеете.

Ако ја одбравте црвената врата


Изборот на црвената врата открива дека сте полни со енергија. Сакате да влегувате во натпревари и мерење на силите, бидејќи сакате кога работите ги правите совршено.

Иако имате малку поагресивна природа, приземни сте и сфаќате колку значи кога ќе помогнете некому.

Лесно склопувате познанства и пријателства, бидејќи сте топли и позитивни.

Ако ја одбравте вратата со був


Овој избор открива дека сте единствени и љубопитни. Не сакате да следите шаблони. Сите ја почитуваат вашата прекрасна енергија, независност и позитива со која зрачите.

Ги цените пријателите и семејството и имате огромно срце кога треба да им се помогне на луѓето кои ви значат.

Лесно го привлекувате спротивниот пол со своите карактеристики, но преферирате да бидете сами свои херои.

No comments

Powered by Blogger.