Заев во ОН за спорот за името: Грешевме и двете земји

Пишува: Точка

Премиерот Зоран Заев штотуку се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во говор кој отскокнуваше значајно од тонот и од пораките видени од нашите преставници изминатите години кои главно се сведуваа на изнасилен патриотизам и антигрчка и анти ЕУ реторика.

Притоа премиерот го отвори и прашањето за спорот со името со Грција, нагласувајќи дека четврт век по нашиот прием во ОН тоа и натаму е отворемно и има последици за земјата. Притоа Заев рече дека двете земји имплементираат мерки за доверба,што е позитивен развој,откако во минатото и двете направиле извесни грешки, со порака дека сега треба да се зграпчи моментумот.Тој наедно а оцени како многу вредна мисијата на медијаторот Метју Нимиц и порача дека ние сме подготвени да го одработиме нашето, но го очекуваме тоа и од нашите партнери.

Околу внатрешната ситуација Заев нагласи дека владата е посветена на доброто владеење и владеењето на правото и дека преку договорот со Бугарија покажала дека има капацитет да решава отворени прашања.

„ Демократијата мора да биде водена од граѓанско општество. Мојата влада има амбициозен план за реформи. Треба да градиме професионални институции. Од длабочината на полтичките кризи излеговме посилни. Уверен сум дека сите ја имаме истата цел, мир во светот и пристоен живот за сите. На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија. Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја. Таа е пријател со своите соседи и ориентирана кон НАТО и Европската унија – истакна Заев.

Генерално тој изрази длабока загриженост за ракетните проби на Северна Кореја и се заложи за мирна денуклеаризација на оваа земја.

„Имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност е клуч да се избегнат можните катастрофални последици за идните генерации. Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеани проби“, рече Заев.

Премиерот ги спомена мигрантите исто така но само од аспект на случувањата во минатиот период како голем предизвик кој Македонија успеала да го изменаџира.

No comments

Powered by Blogger.