Прашањето кое и порано ги засегаше сите - што ќе се случи со милионските договори на Ана Иванович?

Пишува: Точка

Германски магазин пренесува дека поранешната тенисерка Ана Иванович е во вториот месец од бременоста. Штом се споменала нејзината бременост, веднаш се поставило старо - новото прашање, дали оваа ситуација ќе направи промени во нејзините спортски и козметички склучени договори.

Оваа дилема беше главна тема и минатата година кога се појавиле гласини дека Ана ќе ја прекине тенисерската кариера и тоа поради венчавката со германскиот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер.

Највеќе се дискутирало за нејзиниот доживотен договор со "Adidas", кој го потпишала во 2012 година. Договорот гласел дека Ана ќе ја носи оваа спортска опрема се додека игра тенис, но и откако ќе ја заврши тенисерската кариера.

Склучувањето на тој важен договор го најавил магазинот "Forbs" во 2009 година. Исто така било напоменето дека Ана од тој договор ќе заработува најмалку 3,5 милиони долари ако ги исполнува условите, а најмногу 5,5 милиони долари кои ќе ги заработи доколку остварува упсеси на професионален план.

Па Ана играше и победуваше. Кога стана г-ѓа Швајнштајгер, опцијата за повлекување од тенисот била се поголема, па веднаш започнале пресметките за тоа колку ќе изгуби ако се откаже од тенисот пред 30 - та година.

Се вели дека таа цифра би била 1,5 милиони евра, а кога се прочуле гласините за бебе, таа цифра се зголемила три пати повеќе.

Но, соработката со "Adidas" продолжила успешно. Всушност, Ана не го рекламира овој бренд како професионална тенисерка, но облеката се уште ја носи.

Ана е заштитно лице и на козметичкиот бренд "Schiseido" како и "Rolex", чие заштитно лице е и нејзиниот сопруг. Прекинот на нејзината професионална кариера не ги нарушил соработките со споменетите компании. Ана поседува неисцрпен потенцијал како промотер и модно лице. Колку што беше талентирана за тенис исто толку има талент и за манакенство.

No comments

Powered by Blogger.