Уживал додека дивеел ураганот, а сега покажал како изгледа неговиот остров уништен од Ирма

Пишува: Точка

Ричард Бренсон истакнал дека никогаш не видел нешто слично како овој ураган. Островот Некер и целата околина се целосно уништени.

Британскиот милијардер Ричард Бренсон открил каква штета направил ураганот Ирма на неговиот убав остров Некер. Штетата е огромна, а тој тоа го документирал со свои фотографии.

Тој отпатувал во Порторико, каде започнал да собира помош за Британските Девствени Острови и Карибите, пренесува Virgin.com.

Кога пишувал за својот остров истакнал дека се уништени голем број на згради и многу вегетација.

"Ја почувствувавме силата на најсилниот ураган во историјата на Атлантскиот океан. Но, ние имавме среќа што успеавме да изградиме непробоен вински подрум во нашата куќа. Сите наши тимови кои останаа на островот во текот на олујата беа безбедни", рекол тој.

Вели дека луѓето во голема мера се ангажирале да помогнат во неволјата. Помош пружаат и цивили, но и вооружени сили.

"Веќе неколку дена имам можност да видам убави гестови на човечка љубезност. Сите се собираат да помогнат и да се поддржат едни со други", рекол тој.

Неговиот син Сем Бренсон отишол на Барбадос за да помогне да се собере помош и итни потребштини за Девствените острови.
Ја активирал и "Virgin Unite" за да им се помогне на локалните заедници во погодените подрачја. Исто така истакнува дека најдобар можен начин треба да им се помогне на островите да се опорават од ударите на ураганот кои почнале да ја пустошат Флорида, пренесува Metro.co.uk.

"Отворање на нови работни места е најважно, како и обнова на инфраструктурата. На луѓето им се потребни работи за да го обноват својот живот", рекол тој.

Милионерот минатата седмица опишал како со синот и неколку од своите вработени се засолнил во винскиот остров, додека ураганот беснеел на островот Некер.
"Влеговме во засолништето во текот на најсилниот ураган. Нашиот бетонски подрум, за среќа, цврсто се држеше", напишал на својот блог.

Истакнал дека никогаш не видел ништо слично како овој ураган. Островот Некер и целата околина се уништени.

"Уште ја проценуваме штетата. Цели куќи исчезнале. Се надвор од бункерот одлетало. Ова ви го кажувам преку сателитски телефон, бидејќи останатите комуникации се во прекин", рекол тој.
Нагласил дека сите оние кои се наоѓаат на удар на ураганот Ирма и ураганот Хозе мора да се погрижат за својата безбедност.

"Откако од прва рака ја видов моќта на оваа олуја, ве молам да останете внатре. Идеално би било да престојувате во организирани засолништа и други цврсти бетонски конструкции со вода и други работи, и да имате план за итни ситуации", истакнал милијардерот.

No comments

Powered by Blogger.