Последната снимка од Хју Хефнер: Хеф деновите пред смртта ги минувал во тешки маки

Пишува: Точка

Видеото настанало во јануари оваа година, а го прикажува Хју како ги испраќа гостите кои во неговата славна вила дошле на вообичаената филмска вечер.

На последната снимка која протекла во јавноста, се гледа немоќниот Хју Хефнер кој одвај оди со помошна количка.

Само два дена откако умрел од природна смрт, во јавноста се појавила и последната снимка од легендарниот основач на Плејбој, Хју Хефнер.

Во видеото 91-годишниот Хефнер одвај оди со помош на неговата негувателка.

Видеото настанало во јануари оваа година, а го прикажува Хју како ги испраќа гостите кои во неговата славна вила дошле на вообичаената филмска вечер.

Овој голем љубител на филмската уметност секоја недела во Плејбој вилата одржувал филмски вечери на кои се прикажувале класици, но и нови филмски наслови.

Ниеден роденден на Хефнер не минувал без прикажување на неговиот омилен филм Казабланка, а гостите биле облечени во облека каква што се носела во 40-тите години од минатиот век.

Се зборувало дека Хефнер последните две години бил во лоша здравствена состојба и дека поради тоа не излегувал во јавност. Како што пишува TMZ последните недели се борел со бактериска инфекција, која неговиот слаб имунитет не можел да ја победи.

Покрај него до последен момент биле синовите Марстон и Купер, ќерката Кристи и втората сопруга, Кимберли Конрад.


No comments

Powered by Blogger.