Apple ја стартува испораката на првите модели на iPhone X

Apple ја стартува испораката на првите модели на iPhone X
Пишува: Телефони

Apple во САД ја стартува испораката на првите модели на iPhone X кои купувачите ги резервираа преку опцијата за пред-нарачки преку веб сајтот на компанијата, а во договор со американските мобилни оператори.

Се очекува првите iPhone X модели да се најдат во рацете на купувачите точно на 3 ноември кога всушност стартува и официјалната продажба на смартфонот како преку сајтот на Apple, така и преку нивните физички продавници.

Apple се надева дека ќе го искористи огромниот интерес на купувачите за iPhone X со цел да го задржи водечкото место во премиум сегментот бидејќи досега достапните модели iPhone 8 и iPhone 8 Plus повеќе служеа како загревање и не постигнаа солидни продажни бројки. iPhone X ќе чини 999 долари без склучен договор.

No comments

Powered by Blogger.