Колку плаќа Apple за да произведе iPhone X

 Пишува: Telefoni.mk

Пред 10 дена Apple го презентираше iPhone X, јубилејниот смартфон на компанијата, кој е најскапиот смартфон досега. 64GB моделот ќе биде 999 долари, а 256GB моделот ќе биде 1.149 долари. Од причина што моделот е сега во центарот на вниманието, ви откриваме колку чини за да се произведе.

412,75 американски долари требаат за да се произведе телефонот. OLED дисплејот е најскапиот елемент на телефонот, кој чини дури 80 долари, NAND-меморијата изнесува 45 долари и А11 процесорите се по 26 долари. За iPhone X  ќе може да се врши преднарачка од 27 октомври, а доставата започнува на 3 ноември.

No comments

Powered by Blogger.