America’s Got Talent: Десетгодишно девојче го оставило жирито без текст со изведба на песната “Symphony”

Пишува: Точка

Десетгодишната Анџелика Хејл го оставила без текст жирито на музичкото шоу “America’s Got Talent” кога го отпеала популарниот хит “Symphony”.

Хејл го отворила финалето на ова шоу, а жирито изјавило дека веднаш можат и да го завршат истото и да ја прогласат за победник. Анџелика била придружувана од оркестар, а во позадина се гледале само силуетите на музичарите.

Десетгодишното девојче имало спектакуларен настап, но сепак завршила на второто место.



Пред учеството на ова талент шоу, Хејл имала бројни настапи ширум САД, преку кои собирала средства за детските болници “Children's Miracle Network Hospitals”.

Нејзините родители изјавиле дека таа почнала да пее кога имала само две години. На четири години, била хоспитализирана поради воспаление на белодробните крила, а нејзиниот бубрег престанал да работи. За среќа, денес таа е здраво девојче кое неуморно работи на развој на својот талент.

No comments

Powered by Blogger.