Ѕирнете во „Alcázar de Segovia“: Како изгледа замокот на „Пепелашка“ во реалноста?

Готски и романтичен, дворецот на „Пепелашка“ навистина постои во реалноста.

Пишува: Црнобело

Кога бајките се пренесуваат на филмското платно, потребни се елементи од реалноста за приказната да биде убедлива.

Постојат многу верзии на „Пепелашка“, а во секоја од нив постои замок, кој е симбол на кралската моќ и каде се одржува прочуениот бал на кој принцот ја бара својата принцеза.



Дали сте знаеле дека шпанскиот замок „Alcázar de Segovia“ послужил како инспирација за дворецот во „Пепелашка“? Ова средновековно здание се наоѓа во стариот шпански град Сеговија. Тој е арапска градба, направен на остатоците од некогашна руска градба.



Во историјата за првпат се споменува во 1120 година. Низ годините служел како кралска палата, колеџ, воена академија, но и државен затвор.

Тој претставува раскошна резиденција направена од камен. Во текот на владеењето на различни кралеви правени се измени и додавани се кули. Во 1862 година во пожар уништен е голем дел од замокот, но подоцна „Alcázar de Segovia“ е реставриран и направен уште поубав и уште поромантичен.



Во 1898 таму е префрлен шпанскиот воен архив и на таа локација се чува до денес.

Посетителите на дворецот може да истражуваат 12 дворски соби и два прекрасни двора, а секое катче од овој дворец е исполнет со мешавина на готика, романтика и неверојатна архитектура.

Ѕирнете како изгледа „Alcázar de Segovia“:









No comments

Powered by Blogger.