Бил најголем нарко-бос, а денес гние во затвор: Ел Чапо е во изолација веќе 9 месеци, а сега моли да му исполнат само една желба

Пишува: Точка

Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, од моментот екстрадицијата во САД ги преживува најтешките моменти од животот.

Неговиот адвокат тврди дека најголемиот нарко-бос на 21. век тотално се променил, што можеби и не е толку чудно со оглед на тоа што девет месеци се наоѓа во целосна изолација во затвор во Њујорк.

На неговата сопруга и е забранет пристап во затворот, а неговата сестра добила дозвола за само една посета. Потоа американските федералци и ја укинале визата за САД.

Ел Чапо нема среќа ни со телефонските разговори, бидејќи дозволен му е еден получасовен или два разговори од 15 минути месечно. Меѓутоа, тие разговори мора а се снимаат, а Гузман пред тоа мора на хартија да ги достави сите детали за лицето со кое зборува.

"Бараме да има право на разговор од еден час. Тоа е сосема разбирливо со оглед на тоа што е отсечен од светот", рекол неговиот адвокат, кој сега води борба да може да разговара со својот клиент без плексигласот кој е поставен меѓу нив. Неговото барање се разгледува.

Ел Чапо е целосно сам, а семејството и пријателите не ги видел со месеци. На крајот, сосема разбирливо, го запознал - Бог. Така, до американските власти имал само едно барање во последниот месец - да разговара со некој религиозен човек кој зборува шпански.



И покрај се, властите изгледа ќе му го одобрат тоа барање, има и список од луѓе кои ќе може да дојдат до Ел Чапо, а кралот на дрогата ќе мора да избере еден.

No comments

Powered by Blogger.