Синот на Ристо Никовски бара Владата да му исплати 9.450 евра зашто го советувал Груевски

Пишува: ФОКУС

Александар Никовски, син на поранешниот дипломат Ристо Никовски, бара од премиерот Зоран Заев да му исплати хонорар како советник на експремиерот Никола Груевски, за мај, јуни и јули 2017 година во износ од 9.000 евра и да му рефундира трошоци за службено патување во мај годинава од 450 евра, објави СДК.

Груевски не е премиер од јануари 2016 година, според Договорот од Пржино. Но, сите хонорари до мај 2017 година, во износ од по 3.000 евра месечно, Владата на Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, на советникот на Груевски редовно му ги исплаќала. За тоа време неговиот татко Ристо Никовски беше дежурен жесток бранител на политиките на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

No comments

Powered by Blogger.